486
Од скопската Зоолошка апелираат родителите при посета на Дино паркот да внимаваат на своите деца.
-Заштитните огради со јажиња се ставени за одблизу да може да се видат диносаурусите, но не и да се прескокнуваат и да се оштетува Дино Паркот.Сите заедно треба да ја покреваме свеста, а најмалите да ги учиме на совесно и културно однесување. Возрасните се оние кои треба да дадат пример со своето однесување, а не да ги поттикнуваат децата да се однесуваат несовесно и да се уништи она што е направено за нивна радост, пишува на Фејбук
Дино паркот беше пуштен во употреба минатата недела, а посетителите имаат можност во природна големина да ги видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус како и поставки со мали диносауруси.