Јазикот никогаш не бил непремостлива пречка за пристапувањето на С. Македонија, вели Захариева

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Јазикот никогаш не бил непремостлива пречка за пристапувањето на Р.С. Македонија. Тој е непремостлива пречка за нив. Господинот претседател (Стево Пендаровски) многу добро знае за што станува збор, и не треба да ги извртува работите, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за радио „Дарик“.

Според неа, „пропагандата во Р.С. Македонија има за цел да го одвлече вниманието од фактот дека не се почитува напишаното во Договорот за добососедство“.

– Политичките прашања мора да ги решат политичарите. Проблемот е во тоа што што нашите пријатели од РС Македонија се обидуваат да им пренесат политички прашања на историчарите, смета Захариева.

Сепак, признава дека позицијата не е лесна за разбирање, но оти ќе продолжат со напорите да ја обајснат. Но, додава Захариева, тоа не значи дека Бугарија треба да продолжи да ги затвора очите.

Слични содржини