Одлуката на турскиот народ, изразена на референдумот на 16 април, не може да биде сменета од ниту еден суд, изјави турскиот премиер Бинали Јилдерим во интервју за Би- Би-Си, цитирано од турската телевизија НТВ.
Тој во интервјуто истакна дека тоа дури и да не и се допаѓа на опозицијата, турскиот народ ја изразил својата волја на референдумот за уставна реформа и неговата одлука не може да се смени од ниту еден суд.
То, меѓутоа, подвлече дека власта ќе вложи напори да ги освои срцата и на оние кои на референдумот гласаа со „не“.
За критиките дека Турција влегува во диктатура Јилдерим одоговори: „Таму каде има диктатура, дали 50 милиони луѓе ќе излезат пред гласачките кутии?“