Јилдирим: Улогата на Анкара е да ги соедини Русија, САД и Иран

од Vladimir Zorba
68 прегледи

 

Улогата на Анкара во сирискиот конфликт е да ги соедини Русија, САД и Иран со цел да се најде решение за војата во земјата, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.

binali_2016522174316

Како што наведе тој, во процесот би можела да учествува и Саудиска Арабија. На тој начин би се прекинало крвопролевањето во регионот и би се ставило крај на смртта на невини луѓе.

Како што вели Јилдирим, недостигот на координација и согласност меѓу Москва и Вашингтон од ден во ден ја комплицира ситуацијата во Сирија.

– Тој вакуум на политичка волја, што се појави поради претстојните избори во САД, за жал, доведе до создавање на непријатни ситуации во регионот, оцени турскиот премиер.

Тој додаде дека поради тоа голема одговорност сноси Русија, бидејќи Москва претставува важен фактор во целокупниот сириски проблем.

– „Дојде часот“ кога Москва мора да го искористи нејзиното влијание врз претседателот Башар Ал Асад. Сметам дека Русија мора да заземе поактивен став со цел бројот на загинати да не порасне повеќе, истакна Јилдирим.

– Кога станува збор за проктот за изградбата на гасоводот „Турски тек“, тој не треба да предизвикува грижа во внатрешноста на ЕУ, бидејќи тој ќе биде од корист за Европа, објасни Јилдирим.

– Значењето на проектот е во тоа што „Турски тек“ ќе обезбеди енергетска безбедност во регионот и ќе им ја даде неопходната поддршка на оние земји кои се граничат со нашиот регион. Не постои нити една причина која би предизвикала загриженост кај Европејците, заклучи турскиот премиер.

Претходно, рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека меѓудржавниот договор за изградбата на „Турски тек“ најверојатно ќе биде потпишан во рамките на Светскиот енергетски конгрес, кој се одржува од 10 до 13 октомври во Турција.

По тој повод, во Турција денеска пристигна претседателот на Русија, Владимир Путин.