Јавното обвинителство за предметот за заборавените стари предмети од поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски за „МКД.мк“ вели дека е одреден јавен обвинител кој веќе ги утврдува фактите.

Во јануари в.д. претседателот на Врховниот суд Фаук Арслани објави дека во кабинетот на Вангеловски биле најдени триесетина стари предмети без донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не.
Од Јавното обвинителство на Македонија велат дека предметот веднаш бил испратен на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје.