Од Јавното обвининителство информираат дека по пожарот во објекти за рециклирање отпад во селото Трубарево радијација не е детектирана и оти контаминацијата е хемиска.
– Радијација не е детектирана, контаминацијата е хемиска. Обвинителството бара поддршка, не издава наредби на АРМ. На барањето беше веднаш одговорено и беше првично детектиран опасен периметар со ниво на загаденост по сектори и согласно тоа надлежни служби пристапија на евакуација. Резултатите од мерењата на инспекторатот за животна средина се уште не се доставени до обвинителството, велат од ЈО.
Јавното обвинителство претпладне во соопштение наведе дека во врска со пожарот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издава наредби за обезбедување на целокупната документација за работата на компанијата во чии магацини настана пожарот. Во следниот период, по создавање на услови и обезбедување на податоци за видот на складираните објекти, ќе биде наредено вештачење за да се утврди видот на контаминација и последиците од загадувањето. До овој момент во опожарениот објект нема услови да се врши увид на лице место, а припадниците на МВР и натаму се задолжени да ограничуваат пристап на сите неовластени лица и на лица кои немаат соодветна заштита, нагласуваат од Републичкото јавно обвинителство.