Јокиќ е првиот МВП од 2008 година кој нема да игра за Божиќ

од Stefanija Kuzmanovska
356 прегледи

НБА лигата прекина една голема традиција со распоредот за новата сезона.

За прв пат од 2008 година, тимот чиј кошаркар беше МВП на претходната сезона, нема да игра во познатата божиќна програма од пет натпревари на 25 декември.

Се работи за Никола Јокиќ и Денвер Нагетс, полуфиналисти од минатата сезона на Западната конференција.

Американската јавност, која сочувствува со Нагетс, смета дека ова е само уште еден во низата потези со кои Нагетс се омаловажуваат. Бидејќи е лудо што МВП не игра за Божиќ.

Јокиќ минатата сезона имаше просек од 26,4 поени, 10,8 скокови и 8,3 асистенции со 60 дабл-дабл и дури 16 трипл-дабл натпревари.

Сепак, дел од јавноста ја омаловажи неговата титула, нагласувајќи дека ја освои бидејќи главните претенденти, Леброн Џејмс, Џејмс Харден и Џоел Ембид, имаа проблеми со повредите.

Како причина зошто Денвер нема да игра за Божиќ, многумина ги посочуваат 0-4 против Феникс Санс во полуфиналето на Западот минатата сезона.

Оваа година, за Божиќ во САД, фокусот ќе биде на дуелот на два „супер тимови“ – Лос Анџелес Лејкерс и Бруклин Нетс во Стејплс центарот.

Слични содржини