Јоксимовиќ: С. Македонија и Албанија се неправедно запрени на патот кон ЕУ

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ оцени дека Северна Македонија и Албанија се неправедно запрени на патот кон ЕУ и дека тоа е неприфатливо за целиот регион, како и дека и Србија ќе трпи бидејќи новата методологија на Унијата не е обликувана, соопшти „Данас“.

Српската министерка за евроинтеграции посочи дека ЕУ треба да објасни како новата методологија ќе се примени на Србија и го повика граѓанскиот сектор и Националниот конвент да почнат да зборуваат за кластери, а не за поглавја.

– Дали се отворени едно или две поглавја е застарена тема. Очекувам Националниот конвент да се реорганизира во вистинско време и да побара од нејзините членови да се качат на новиот колосек, изјави Јоксимовиќ.

Слични содржини