Можеби некаде кај партиите од албанскиот блок ќе се види кој на што ќе му вети и какви комбинаторики ќе има. Инаку се знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе растури на овие избори, смета политичкиот аналитичар, Агим Јонуз запрашан дали овие пет преостанати денови од изборната кампања се клучни за мобилизација на граѓаните и дали се очекуваат нови скандали.
Тој во разговор за „Локално“ истакнa дека главни ѕвезди на овие избори се лидерите на партиите наместо самите кандидати за градоначалници, затоа што сите се подготвуваат за предвремени парламентарни избори кои би се одржале наредната година.