Политичкиот аналитичар Агим Јонуз смета дека претстојниот период, во пресрет на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12- април 2020-та година, не очекува највалканата кампања досега. Калеидоскопот на пораки ќе биде базиран со дополнителни теми покрај филмот ‘‘ некој ја брани земјата а некој ја растура‘‘. – вели Јонуз во интервју за Ипортал.
Тој потенцира дека и овојпат, како што и досега било пракса, Албанците повторно секако ќе одиграат клучна улога доколку дојде во прашање кој ќе биде Премиер.
Јонуз го појасни и својот став за ризикот од нови меѓуетнички конфликти како последица на нагласениот национализам, а зборуваше и за актуелното прашање заЗаконот за употреба на јазиците во земјава.
Ипортал: Кој според Вас ќе ја формира следната Влада на Р.С, Македонија?
Спремен сум да се опкладам дека однапред се знае дека тоа ќе биде една широка коалиција, но прашањето е кој колку министерства ќе добие. Причината е едноставна, а тоа е податокот дека за ‘‘внатрешен мир‘‘ ќе мора да се еквилибрира политичкиот амбиент кој ќе рефлектира ‘‘задоволна улица‘‘. Тоа подразбира дека ситуацијата ќе се амортизира и ќе елиминира незадоволство на огромен број гласачи од двете страни. Албанците секако ќе одиграат повторно клучна улога доколку дојде во прашање кој ќе биде Премиер, ако се земе во предвид дека и до сега тоа било пракса. Не смееме да бидеме неискрени и да не признаеме дека секако и меѓународната заедница ќе биде фактор ‘‘ што дава конструктивно мислење‘‘. Се друго е приказна за мали деца.
Целото интервју погледнете го на Ипортал.