„Кабинетот беше за рушење и тој падна. Оваа коалиција неколку месеци беше предупредувана што ќе се случи ако продолжи на овој начин. Или се глуви или не размислуваат… Единствената разлика меѓу Кирил Петков и Бојко Борисов е дека едниот е малку пообразован. Нема разлика во нивниот менталитет – и кај двајцата доминира „Јас“. За наш ужас, Кирил Петков стана подобро образован Бојко Борисов, но со истиот одвратен менталитет. Страшен проблем е премиерот да е превртлив како вентилатор“.
Ова за БНР го изјави Тошко Јорданов, претседател на пратеничката група на ИТН.
Тој нагласи дека доколку „Продолжуваме со промената“ ја покани ИТН на разговори за формирање нова влада во овој парламент, тие ќе одговорат.
„Ако ПП ги оладат главите, а ние, ако сме во ситуација да го избереме помалку лошото, ако се разговара со отстапки, вклучително и Кирил Петков да не биде премиер, не е невозможно да се постигне разбирање. Имаме ужасно многу заеднички цели, а сепак не правиме речиси ништо. Ќе мора да работиме според други правила, со поголема специфичност“.
Тој увери дека ИТН нема да формира коалициска влада со ГЕРБ и ДПС.
Според него, „машко и достоинствено однесување“ е, откако ќе изгубиш коалициски партнер, или да излезеш на избори или да бараш доверба во овој парламент.
„Тие се држат до власта. Мачето е заглавено пред вратата на Советот на министри како анимиран лик“.