Јорданската воздушна одбрана е подготвена да пресретне и собори какви било ирански дронови или авиони што ќе го нарушат нејзиниот воздушен простор, изјавиле два регионални безбедносни извори.
Според нив, армијата е исто така во состојба на зголемена тревога и радарските системи ја следат активноста на дроновите.
Израелската управа за аеродроми (ИАА) соопшти дека воздушниот простор на Израел ќе се затвори од 12:30 часот, поради иранскиот напад врз Израел.
ИАА не даде детали за тоа кога летовите ќе продолжат, велејќи дека ќе објави нови информации според развојот на настаните.
Управата препорачува патниците да проверат кај нивните авиокомпании и на страницата на ИАА за распоредот на летови.
Инаку Корпусот на Исламската револуционерна гарда издаде соопштение во кое го потврдува дека почнал напад врз Израел, велејќи дека тоа е одговор на нападот на ИДФ врз конзуларниот комплекс во Дамаск во кој беа убиени неколку членови на ИРГЦ, вклучително и двајца генерали.
ИРГЦ вели дека ќе погоди одредени цели во Израел со десетици дронови летала и проектили, наводно крстосувачки ракети, пренесе Тајмс оф Израел.