Јотова: Договорот за добрососедство не е добар, а Мешовитата историска комисија не е функционална

од Nikola Popovski
328 прегледи

Мое цврсто мислење е дека Договорот за добрососедство и пријателство не е добар документ. Премногу е општ и рамковen и не се спроведува, смета бугарската потпретседателка Илијана Јотова на средба со претставници на Бугарите од Македонија.

Според неа, последната политичка влада не го отворила прашањето за правата на Бугарите во Македонија, потпирајќи се само на она што е поврзано со историските факти и со Договорот за добрососедство.

Во однос на Мешовитата историска комисија, Јотова смета дека е нефункционална бидејќи нема право да носи политички одлуки.

„Тогашните две влади на двете земји избегнаа политичка одговорност и сè им препуштија на научниците. До денес оваа Комисија не функционира во практика и не најде ниту едно решение. Оваа Комисија игра танго – еден чекор напред, два чекори назад. Научниците не можат да носат политички одлуки и оваа одговорност не може да се пренесе на нив“, рече таа.

 

Слични содржини