Јотова го повтори ставот на Радев дека нема нови бугарски услови за Македонија

од Nikola Popovski
626 прегледи

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова побарала од македонските власти да ги исполнат заложбите и да ги вклучат Бугарите не само во Преамбулата, туку и во сите текстови на Уставот, каде што се споменуваат другите народи во земјата.

Јотова за „Bulgaria on air“ коментирала дека нема нови дополнителни барања за земјава, освен тоа што е преземено како обврска врз основа на францускиот предлог, кој е преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

„Многу се надевам дека новата бугарска влада нема да потклене и ќе продолжи да ја брани бугарската позиција, која постојано е потврдена во различни институции. Не сум оптимистка, бидејќи гледам одредени колебања и кај нашите европски партнери, како темата за РСМ да е веќе досадна. Ако за нив е здодевна, за Бугарија е тема од национален интерес“, рекла Јотова во интервјуто.

„Бугарија не поставува нови услови за членството на Република Северна Македонија во ЕУ“, изјави пред два дена шефот на бугарската држава, Румен Радев и истакна дека од Скопје се бара да ги исполни веќе преземените обврски, утврдени во преговарачката рамка.

„Не можеме да градиме добрососедство и одржлива европска иднина со јазикот на омразата, со фалсификати и навреди кон Бугарите во учебниците, со необјавување на архивите на службите за погромите врз Бугарите во Македонија и немањето рехабилитација. на невините жртви, со постојана дискриминација кон граѓаните со бугарска самосвест. Ако сме земја-одговорна членка на ЕУ, не можеме да се откажеме од овие позиции и ќе продолжиме да објаснуваме, да ги повикуваме европските институции, сите европски лидери. Нема да дозволиме таква замена на европските вредности и принципи“, рекол Радев на промоција на книга во Софија.

Слични содржини