Бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска ја коментираше националната конференција „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“ што се одржа во Софија.
Таа призна дека има притисок врз Бугарија да го укине ветото за влез на Северна Македонија во ЕУ и „тоа се должи на фактот што не успеавме да воспоставиме рамнотежа меѓу геополитичките интереси и геополитичките одлуки на ЕУ и нашата мала, но многу вредна бугарска правд во однос на процесите во Република Северна Македонија“.
-Таков масовен форум досега не е одржан, тоа го признаа сите учесници на конференцијата, додаде таа.
Што се однесува до изјавата на премиерот Кирил Петков дека е можно ветото да се продолжи во иднина, потпретседателката праша „до кога ќе добиваме сигнали однадвор дека Бугарија има две надворешни политики“.
-Како мислите дека тогаш стоиме во очите на нашите европски партнери, изјавила Јотова.