Јотова: Кражбата на историја е навреда, македонската Резолуција е чекор назад

од Nikola Popovski

Потпретседателкатаvна Бугарија, Илијана Јотова беше присутна на традиционалниот бугарски собир во Попови Ливади над градот Гоце Делчев, каде традиционално се слави годишнината од Илинденското востание во 1903 година.

„Секој обид да се украде нашата историја, да се замени, да се поделат нашите и вашите херои, на туѓи и свои е навреда за нивното сеќавање и строга казна, за оние што се осмелуваат да го сторат тоа. Нема да ја изневериме татковината, нашето присуство овде е како заклетва. Нашите национални херои се убиени во битка, но остануваат во нашата меморија, а кражбата на историјата е навреда за нашата меморија “, изјавила потпретседателката, додавајќи:„ Не можеме да го прифатиме јазикот на омраза, кој е во учебниците, спомениците и музеите. Тешкиот бугарски збор се слуша и чува овде, но и во Европа“.

Јотова не ја прифаќа Резолуцијата на македонскиот парламент за односите со Бугарија.

„Ова е право на секоја суверена држава, но мислам дека не е чекор во вистинската насока да се започнат преговори за членство на РСМ во ЕУ“, додала таа. Според неа, одреден напредок е постигнат, но со оваа Резолуција, има повеќе чекор назад.

Слични содржини