Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова денеска ги изразила своите очекувања од потенцијалната нова влада на нејзината земја, која треба да биде формирана и изгласана во тамошното Национално собрание.
„Многу се надевам дека писмени луѓе, вистински просветени луѓе, кои се свесни за важноста на темата и прашањата на кои е посветен и денешниот форум, ќе влезат во неа и ќе ги донесат своите одлуки за животот и здравјето, по уште една година овде можеме да кажеме пооптимистички зборови“, рекла бугарската потпретседателка.
Јотова исто така ги прокоментирала и најновите превирања во македонско-бугарските односи. Според неа, Бугарија не го оспорува суверенитетот и јазикот на современите држави, коментирајќи ги и изјавите на политичарите од Македонија, пренесуваат бугарските медиуми.
„Ние не спречуваме никому во самоопределување, но ќе ги спречиме токму овие обиди да се преземе историјата, односно да се присвојуваат факти. Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство, бидејќи тоа е клучот за без спорови и конфликти. На крајот на краиштата, науката и истражувањето, штити од искушението да се создаде фиктивна историја, што неминовно води до политички и билатерални или мултилатерални конфликти. Во последните неколку дена, во изјавите на некои политички и владини лидери на соседните земји, за жал, токму тоа можеме да го видиме“, додала Јотова во изјавата.