301
„Денес ќе се состанеме со останатите членови од општинскиот Кризен штаб и ќе разговараме дали евентуално треба да се дополнат досегашните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот“, изјави за „Утрински брифинг“, градоначалникот на градот Прилеп, Илија Јованоски.
Тој наведе дека е зголемен бројот на граѓаните кои одат во кафулињата.
„Тие многу се собираат пред банките и малку се почитува социјалната дистанца. Посебно ме загрижуваат куќните собиранки во попладневните и вечерните часови, што за жал најмалку се контролира. Тоа е едната од главните причини зошто Прилеп има толку многу заразени“, вели градоначалникот.
Од направените 2789 тестирања во последните 24 часа во земјава, во Прилеп има 43 новозаразени.