Јовановиќ: Функционерите се спремни да се откажат од своите примања, но не се спремни да ги оданочат богатите

од Берта Китинска

Ќе морам да се согласам со Владата – скандалозна е одлуката на Уставниот суд , изјави  Бранимир Јовановиќ, универзитетски професор и финансиски аналитичар во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ по одлука на Уставен суд за привремено запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија кои се однесуваа на намалување на платите на судиите, обвинителите, функционерите и пратениците како мерка против влијанието на коронавирусот врз економијата.

– Јас не сум голем поборник на пракса на намалување на плати или откажување од нив во име на солидарност, затоа што мислам дека тоа е на еден начин омаловажување на работата. Секој што работи, дури и државен фунционер вложува труд. И платата е надоместок за тој труд и затоа треба да биде достојно платен. Но, ако веќе е донесена одлука да се скратат тие плати, скандалозно е што судот веднаш донесува одлука каде што намалувањето на своите плати го смета за противуставно, а други одлуки, процеси и иницијативи стојат нечепнати.Tребаше државата да ги зголеми даноците за профитабилните фирми и за богатите луѓе. Но, наместо тоа гледаме повикување во име на солидарност, покачување на акциза и даночење на сите. Во име на сите, кратење на плати во јавна администрација (добро што се откажаа, но сакаа да го направат тоа). Државата и функционерите се дури спремни да се откажат од своите примања, но не се спремни да ги оданочат богатите и моќните,  рече Јовановиќ.

Слични содржини