Јовановиќ: Не е солирадност да се кратат плати на административците кои земаат 400 евра, а да не се чепкаат тие што земаат илјадници евра месечно

од Viktor Jovanov
210 прегледи

Нема економист кој ја поддржува мерката за кратење на платите на административците. Сите се против оваа мерка. Не можете да зборувате за солидарност, да кратите плати на луѓе кои имаат примања од 400 евра, а да ги оставате оние со плати од неколку десетици илјади евра. За каква солидарност зборуваме. Има околу 200 фирми со добивки повеќе од милион евра, на нив ништо не им се прави, а се зема од работниците, изјави Бранимир Јовановиќ, поранешен советник за макроекономија во министерството за финансии.

-Со кратење на платите на административците ќе се заштедат 30-40 милиони евра. Овие пари нема да направат ништо, затоа смешно е да се кажува дека треба да се кратат платите. Еден од основите постулати е дека треба да се стимулира потрошувачка. Треба да се пуштат пари во оптек. Доколку кратите плати, правите граѓаните помалку да трошат, а со тоа ќе се забавува економијата. Ќе има околу 100 илјади семејства кои ќе бидат погодени со оваа мерка, средната класа ќе ја направите сиромашна, вели Јовановиќ.

Слични содржини