Јовановиќ: Опозицијата ако сака може да се качи и на покривот на Собранието и да бојкотира се што е важно во земјава

од Nikola Popovski
507 прегледи

„Од опозициска гледна точка, ВМРО-ДПМНЕ можат и да го бојкотираат целосно Собранието, можат да се качат на Собранието и да се повикуваат на бојкот на се што е важно за земјава, но треба да знаеме дека во денешниот политички контекст важен е моментот на криза“, вели политичкиот аналитичар Ненан Јовановиќ за емисијата „24 анализа“.

Според него, Собранието е блокирано поради 4-тиот и 5-тиот пакет мерки, кои што се важни за граѓаните и ако ги блокираш, само правиш нервозни и се обидуваш да ги насочуваш граѓаните кон власта.

„Сакаат да предизвикаат незадоволство, а главните проблеми ги блокираат. За нив е важно само граѓаните да немаат адекватни услови“, смета јовановиќ.

Слични содржини