Јовановиќ: Опозицијата го блокира Собранието за да добие евтини политички поени, на штета на граѓаните

од Nikola Popovski
407 прегледи

„Политичките партии не се воделе од општиот интерес и не размислувале за тоа што е добро за граѓаните. Скоро секогаш биле за сопствени интереси и политики“, вели Бранимир Јовановиќ, од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, за емисијата „Топ тема“.

Според него, блокадите на законите во Собранието се прават со цел на штета на државата од страна на опозициските партии.

„Тоа е со цел луѓето да се свртат против власта, за тие да добијат евтини политички поени, за да кажат власта е неспособна, ви прави уште поголема криза, затоа гласајте за нас“, потенцира Јовановиќ.

Тој наведува дека опозицијата не води смета дека станува збор за најголемата криза во државата, за тоа дека сиромашните ќе станат уште посиромашни.

„Се гледа за што побрзо да се дојде на власт“, заклучува Јовановиќ.

Слични содржини