Јовановиќ: Политиките на Бајден наликуваат на оние на Заев

565 прегледи

Во своето гостување во „Само вистина“, колумнистот, Ненад Јовановиќ, посочи дека ВМРО ДПМНЕ е значајна партија во ова општество, но во моментов не почитува демократија.

„Опозициската ВМРО ДПМНЕ постојано ги кочи процесите на власта. Нека им дозволат на луѓето да видат што имаат да понудат и покажат. ВМРО ДПМНЕ е партија која е важна за општеството, но е длабоко компромитирана. Во стилот на Мицкоски секогаш се нудат две страни, а внатре во партијата се разнишани и недемократски. Политиките на Мицкоски не вродуваат со плод, па оттаму тие прават план за хоризонтална поставеност кадешто ќе бидат сите лидери во тој блок. Лицата кои се во раководството на СДСМ, од активисти, писатели итн, се генерација која може да заврши клучни прашања во земјава. САД исто така треба да сме свесни дека ќе одигра значителна улога на Балканот и чинам дека политиките кои Бајден ги заговара се слични на оние на Зоран Заев“, истакна Јовановиќ.

Слични содржини