Аналитичарот Ненад Јовановиќ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија го окаректиризра случајот „Рекет“ како чиста конструкција.
„Исчитувам дека се ствара некое насилство, тоа што го слушнав во разговорите на Орце Камчев е во најмала рака монструозно. Преплавени сме од бесмислени информации. Не знам кој ги пушта разговорите. „Рекет“ мора до крај да се истражи и да одговараат сите до крај“, рече Јовановиќ.
Аналитчарот Сотир Костов пак, вели дека не станува збор за снимки, туку за пресметка на заебагни бизнис елити.
„Дали сте приметиле, во „Рекет“ полицијата воопшто не е појавена. Наместо Јовески и Русковска наместо да го водат орото, тие каскаат чекор, два, три позади. Намесо да ја приведат Јанева, ја пуштија да оди на одмор. Не може финансова полиција да води истрага за Меѓународен сојуз, Боки, 1ТВ да води истрага и после една година да излезе „Рекет“. Не ми е симпатичен ниту бизнисменот што изиграва во главна улога. Еден бизнисмен со многу пари игра мајтап со власта, опозицијата и граѓаните“, рече Костов.