Јовановиќ: Треба да се стави забрана за отпуштање на вработени во овој период

од Viktor Jovanov

Треба да се обезбеди финансиска инекција за фирмите кои се погодени, малите микро и средните претпријатија. Треба да се изведе и поддршка за граѓаните. Се уште е неопходно владата да забрани отпушатање на работници. Затоа што сега ако има отпуштања, потоа се потешко ќе се опорави економијата. Нужно е да има забрана за отпуштање на работници, изјави поранешниот советник за макроекономија во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ.

-Сега имаме економска криза која сами си ја наметнуваме, сами ја стопираме економската активност за да се справиме со вирусот. Нема дилема дека тој период ќе заврши, само прашање е колку ќе трае. Поентата е дека во тој мал период додека се запира економската активност, треба да се даде поддршка на малите фирми кои се најпогодени и луѓето чии плати ќе бидат афектирани од кризата, вели Јовановиќ.

Слични содржини