Се уште нема решение за високите цени на основните прехранбени производи. Одлуката за ограничување на маржите до 10 проценти во трговијата на мало и на големо.ги крена на нозе трговците кои се заканија со отпуштање на работници, како и мкожно затварање на некои од маркетите. Економските експерти сметаат дека Владата ќе смисли некои поинотавно решение за да го запре ценовното цунами, наместо да прави копи пасте на мерките од претходната власт. Тие велат дека мерката ќе има само краткотраен ефект, односно цените нема да растат додека е на сила, а потоа повтроно ќе се зголемат.
Во изјава за „Локално„ економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии вели дека мерката на Владата за ограничување на мажите е промашена.
-Мерката е апсолутно промашена. Ние веќе 5-6 пати имавме ограничување на маржите изминатите 3 години и мислам дека сите веќе добро знаат дека тоа не дава ефект, затоа што тешко се контролира. И самата Влада го знае тоа, кога беше во опозиција ја критикуваше претходната влада за оваа мерка, а сега ја применува истата. Мислам дека токму тоа и е поентата – Владата не сака да донесе мерка која ќе има ефект, туку само сака да покаже дека прави нешто. Дури и ѝ одговара мерката да не дава резултати, затоа што луѓето ќе ги обвинуваат супермаркетите за високите цени, и никој прстот нема да ги вперува во Владата, вели Јовановиќ.
Тој смета дека фокусот на Владата, не е насочен кон подобрување на стандардот на граѓаните, туку на дневно политички теми кои не влијаат на подобрување на живото на граѓаните.
-Не знам каде е фокусот на Владата, многу е тешко да се оцени, затоа што стално наметнуваат нови теми. Сега најновото е промената на грбот, претходно беше судскиот совет. Но она што им е заедничко на сите овие теми е што тие никако не го подобруваат животот на обичниот човек. Каков и да е грбот на државата, сиромаштијате ќе остане, цените повторно ќе бидат високи, а платите ниски. Со секој изминат ден во кој Владата не прави ништо суштинско за овие прашања, состојбата станува полоша, и само е прашање на време кога ова ќе им се врати како бумеранг, смета Јовановиќ.
Според него, единствените кои губат се граѓаните кои ќе продолжат да плаќаат цени скоро како европските, со плати три пати пониски и да тонат во сиромаштија.
-Доколку Владата навистина сака да им помогне на граѓаните, ќе ги замрзне цените на овие производи, а не маржите. И уште поважно – ќе ја зголеми минималната плата барем на 500 евра, како и платите во јавниот сектор, што понатаму ќе направи да се зголемат и сите плати во државата, додава Јовановиќ.
Одлуката за замрзнување на маржите беше деонесена откако беше утврдено дека кај трговците на мало маржите на основните прехранбени производи биле над 20 отсто, на средствата за лична хигиена, над 30 отсто, додека кај увозниците и дистрибутерите се евидентирани повисоки маржи кои одат дури и до 50 отсто.
Трговците се спротивставија на оваа одлука и дадоа нов поредлог за наместо да се ограничат марќите на 1.000 производи, да се намалат цените на 100 до 200 производи кои се вистински потребни. Според нив, на овој начин може да се обезбеди поголема контрола, отколку кај ограничените маржи.
Потврда за тоа дека досегашните мерки на Владата немаат ефект врз инфлацијата се последниста статистички податоци според кои трошоците на животот во јануари годинава се зголемиле за 4,9 проценти споредено со истиот месец минатата година, како и за 0,2 проценти во однос на декември.
Во понеделник ќе видиме дали овој хаос од предлози и мерки ќе се среди и дали Владата ќе смисли некое соломонско решение кое ќе биде од корист за сите.
Б.А.