– Мислам дека Самитот во Берлин е алиби на Европската Унија за нивната неподготвеност да испорачаат нешто пред европските избори. Макрон и Меркел се лидери на едни од најмоќните држави, па затоа под итно мора да преземат нешто, во случајов со Северна Македонија, изјави новинарката Слободанка Јовановска во Централниот дневник на 1ТВ.

Mојата проценка е дека ќе останеме без датум во јуни. Затоа што шансите на Макрон се многу мали во Франција и не би влечел потези кои што би му одмогнале.
Околу фактот дека земјава е често фалена и е посочувана за позитивен пример во регионов, Јовановска смета дека Северна Македонија и реално заслужува датум за почеток на преговорите.
„Од пофалби не се живее, но за прв пат се појавуваме со чист образ и можеме да тропнеме на маса. Овој пат мислам дека навистина заслужуваме датум. Во мнгу краток рок направивме многу реформи, но доколку останеме без датум не постои проевропски лидер кој што оваа одлука нема да го симне од власт. Моја претпоставка е дека нема да добиеме датум. Да бидеме искрени, ние не очекувавме дека ќе добиеме датум, но не треба да бидеме изненадени и разочарани.
Заев со оптимизмот практично врши притисок врз ЕУ. Мислам дека Македонија премногу чека и мислам дека е време ЕУ да донесе храбра одлука.
Со потегот – не давање датум за преговори, практично не дестабилизираат.
И Кнаус рече дека Македонија е подобра во реформите од Србија, а од друга страна тие имаат почнато некои поглавја од преговорите, иако се соневам дека воопшто сакаат да влезат во ЕУ, изјави Јовановска.
Целиот разговор од Централниот Дневник на 1ТВ може да погледнете во видеото na 1tv.mk