Јовановска за полицискиот час за фрлање ѓубре: Кога веќе сте толку нашетани, кажете во која друга метропола се шетаат стаорци по улица и каде на друго место контејнерите не се чистеа со месеци?

-Гледам овие "прошетаниве" одма почнаа да ја релативизираат одлуката за полициски час за фрлање на ѓубре, порача советничката Јовановска

од Nikola Popovski
24 прегледи Фото: Принтскрин/Град Скопје

Координаторката на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје, Катерина Јовановска упати критики до дел од јавноста која не гледа проблем во ноќната забрана за отпад. Децидна е дека состојбите во главниот град во Македонија и во останатите метрополи се далеку различни за да се направи споредба.

„Гледам овие “прошетаниве” одма почнаа да ја релативизираат одлуката за полициски час за фрлање на ѓубре.

Па така било во Швајцарија, во Токио, не знам каде…Кога веќе сте толку нашетани, кажете во која друга метропола се шетаат стаорци по улица? Каде на друго место контејнерите не се чистеа со месеци? Во која држава јавното комунално претпријатие има само 16 активни камиони за собирање на смет?

Ама од негде мора да се почне, да мора, ама зошто секогаш се почнува од граѓаните?

Ако веќе сакате да правите споредби, зошто за почеток не почнете со споредба на просечната плата?

Лесно е да се правиме културни, ама пред да ги мавнете граѓаните по џеб, видете прво колку контејнери, колку канти за отпадоци имаме и во каква состојба се, па после правете се „Енглези”, истакна Јовановска преку објава на социјалните мрежи.

Од 18 ноември стапи на сила мерката со која во Скопје е забрането фрлање комунален отпад во контејнерите од 22:00 до 06:00 часот. Прекршителите ќе се соочат со парична казна од 50 евра за физички лица, а за правни субјекти казните се движат од 1.300 до 1.800 евра, зависно од типот на отпад.

Градските инспектори и комуналните редари ќе патролираат низ улиците на Скопје, прво со опомени, а потоа и со казни. Во контролите ќе бидат вклучени 40 инспектори, 11 комунални инспектори и 10 редари. ЈП „Комунална хигиена“ нагласува дека мерката е насочена кон правните субјекти кои најчесто го одлагаат отпадот непрописно и во доцните часови.

Слични содржини