На денешното рочиште за „Рекет“ одбраната на Бојан Јовановски се изјасни дека нуди 150.000 евра за тој да излезе од притвор.
Семејството на Боки како гаранција ја нуди куќата која чини 100.000 евра и локал кој вреди 50.000 евра.
Неговиот адвокат Сашко Дукоски како причина зошто тој треба да излезе од притвор е дека не може да изготви квалитетна одбрана како и здравствени причини.
Тој е единствениот од случајот „Рекет“ кој е во притвор околу седум месеци. Катица Јанева и Зоран Милески-Кичеец, кои призна вина, се во домашен притвор.Тој треба да прима посебна исхрана и не може затворот да прими посебен готвач за него. Неговата здравствена состојба наместо да се подобрува таа се влошува. Тој и денеска повраќаше, објасни Дукоски.
Отсуството на сведокот Дејан Панделески во случајот „Рекет” го одложи денешното рочиште за овој предмет, каде обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева. При образложение на оваа одлука, судијката Васка Николовска-Масевска рече дека Панделески, не е пронајден на адресата доставена од одбраната, односно адресата била од работното место на сведокот од каде известиле дека тој е на службен пат. Следното рочиште е закажано за 3-ти март.