Во врска со обвиненијата кои ги најави во текот на вчерашниот ден, првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски поднесе писмо до судијката Васка Николовска Масевска со кое бара да изведен пред републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски.
Боки 13 претходно во текотна рочиштето се пожали дека не му е добро и дека му треба операција, на што судијката му одговори дека операцијата му е закажана на 4 февруари. Екс специјалната обвинителка Катица Јанева, исто така, се пожали на проблеми со здравјето.
Претходно беа прикажани фотографии како дел од доказниот материјал. На нив е прикажан домот, влезот на Јовановски, сите простории посебно и сите предмети кои се одземени при претресот на неговиот дом.
На фотографиите можеа да се видат парчиња гардероба, обувки, „аксесорис“ (наочари, шапки, ташни, ланчиња, прстени, брошеви), уметнички слики, скап мебел, теписи, лустери…
Истиот доказен материјал е ставен во камион и запечатен.
Рочиштето продолжува утре во 10 часот со изведување на доказен материјал.
И.Р.