Јовановски реагира за снимките: Ова е една груба аматерска монтажа

од Vladimir Zorba
335 прегледи

„Доаѓам од медиумскиот свет, и можам да кажам дека ова е една груба аматерска монтажа, реагираше првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски по објавувањето на снимките денеска во судницата.

Јовановски побара судот да не ги прифати овие разговори како докази.

Истовремено реагираше и неговиот адвокат, Сашо Дуковски и одбранта на екс специјалната обвинителка Катица Јанева, кои посочија дека не може да се разбере и утврди кој со кого разговара и снимките немаат поврзаност со обвинението.

Одбраната реагираше и со приговори дека за овие аудио и видеоснимки нема ни датум ни телефонски броеви, па не може да се поврзе кога точно тие разговори биле снимени од страна на Камчев.

„Седам на гости кај Орце. Останува нашиот договор, ни лево ни десно. Ќе се договориме и во понеделник ќе му кажам се“, се слуша во разговор на Боки 13 со Катица Јанева.

„Јас ќе имам излез и вие ќе имате излез. Само да бидеме многу прецизни“, му вели Камчев на Бојан.

„Јас сум многу прецизен, кога знам што треба да му соопштам на човек, без да му дадам лажна надеж“, му вели Боки 13 на бизнисменот.

Во пуштените снимки од обвинителството себслуша како Бојан Јовановски им вели на Орце и Ана Камчеви, дека за целата ситуација договара и преговара со три лица.

„Доколку продолжи СЈО да го работи предметот, првата ставка ќе биде укинување на мерката куќен притвор по основи што ќе ви ги кажам и датум на којшто ќе ви го кажам“, вели Јовановски.

И.Р.

Слични содржини