Јовески: Патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, тубите не се причина за пожарот

од Nikola Popovski
344 прегледи

Како што објави бугарското обвинителство, се спасиле 8 патници и дека тоа го забележал сведок, но тоа мора точно да се утврди. Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од ОАЕ, и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште, вели државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во дневникот на ТВ Сител.

Тој информира дека нашето ОЈО има такви списоци со имиња на лицата во автобусот, преку запленетите компјутери од фирмата „Беса транс“, како и информации од Царинската управа, при напуштањето на автобусот од земјава.

-Патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, кога одмарале на бензиски пумпи. Се уште немам разговарано со сопственикот на компанијата и не знаеме какво ќе биде неговото својство во постапката, информира Јовески.

Во однос на присуството на туби со нафта во автобусот, обвинителот изјави дека тие биле во просторот до моторот, но дека тие не се причина за пожарот.

-Тој дел најмалку е оштетен. Делот кај моторот не е зафатен од пожарот, вели Јовески.

Слични содржини