Јовески за Тв24: Можна е промена на одлуката по пресудата, Мијалков од куќен заминува во затворски притвор?!

369 прегледи

Попладнево, државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, во изјава за Тв24, посочи дека актот за повлекување на жалбата на затворски притвор за Сашо Мијалков е потпишан во моментот кога полицијата веќе отпочна потрага по него.

Но, Јовески, како што пренесува Тв24, остава простор да се промени ваквата мерка откако ќе биде изречена пресудата во петок.

На прашањето зошто Обвинителството не побара притвор уште еднаш кога поранешниот шеф на УБК сам се појави, Јовески вели:

„Жалбата е повлечена оти во тој момент решението за куќен притвор не може да се ефектуира со оглед дека обвинетиот бил во бегство. Обвинителството досега нема побарано измена на мерката куќен притвор со потешка мерка со оглед на тоа што се оценува дека и со оваа мерка се обезбедува присуство, а во петок е објавувањето на пресудата ќе се разгледуваат мерките за присуство на обвинетиот“.

За потсетување, по дводневна сага, Сашо Мијалков вчера сам се пријави во Обвинителството за организиран криминал и нешто повеќе од 24 часа е веќе во домашен притвор.

Слични содржини