336
Јавното комунално претпријатие „Маврово“ ги информира жителите кои се снабдуваат со вода во овој регион да не ја пијат водата од чешмите поради заматување.
Како причина се наведуваат земјотресите што утрово беа регистрирани во овој регион.
„Поради земјотресот, чиј епицентар беше во Мавровскиот Регион, дојде до заматување на водата за пиење во водоснабнителните мрежи. Ви препорачуваме извесен период, додека не се смират потресите, да не ја пиете водата директно од вашите чешми“, стои во објавата од Јавното претпријатие на својата фејсбук-страница.
Според првичните информации, епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.