Јуан Мекгрегор по освоениот Златен глобус се заблагодари на сопругата и на љубовницата

од desk2
74 прегледи

Шкотскиот актер Јуан Мекгрегор за улогата во серијата „Фарго“ освои Златен глобус за најдобар актер, а во говорот се заблагодари на својата сопруга Ева Мавракис, но и на својата љубовница.

„Сакам да и се заблагодарам на Ева која 22 години беше покрај мене и на своите деца Клара, Естер, Џамиан и Анук“, рече Мекгрегор кој на доделувањето дојде без придружничка.

Подоцна и се заблагодари и на својата љубовница 33-годишната актерка Мери Елизабет Винстед која ја запозна за време на снимањето на серијата „Фарго“. Наводно, Мекгрегор поради неа ја напушта сопругата со која е во брак 22 години и со која има четири деца.

„Секогаш уживав во тоа да бидам актер, затоа што имав можност да се дружам и да работам со врвни актери, а улогите во серијата „Фарго“ немаше да бидат Дејвид, Мајкл, Кери Кон и секако без Мери Елизабет Винстед. Затоа ви благодарам“, рече тој.

По неговиот говор следеа реакции од јавноста, а Twitter е преплавен со коментари на корисниците кои сметаат дека не е возможно во еден говор да се заблагодариш на сопругата на децата и на љубовницата.