Јулија Навални го посети сопругот во затвор: „Зборува со потешкотии“

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој моментално штрајкува со глад, сè потешко зборува и значително ослабе, објави неговата сопруга на социјалните мрежи денес, откако го посети во затвор.

Истакнатиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, 44-годишниот Навални, најави штрајк со глад кон крајот на март, протестирајќи против управата на затворот, која одбива да го лекува поради акутни болки во грбот и ногата.

„Зборува со потешкотии“

Во објавата на Инстаграм, сопругата Јулија ја опиша неговата состојба откако разговараше со него преку телефон преку стаклена бариера.

„Тој е сè уште весел и оптимистичен, но зборува со потешкотии и понекогаш го закачува телефонот и се потпира на масата за да се одмори. Тој изгуби многу тежина, сега има околу 76 килограми на 190 сантиметри висина“.

„Не дозволуваат лекарот да го прегледа“

Тоа значи дека тежината на Навални падна за 16 килограми откако пристигна во затворот минатиот месец во градoт лоциран на околу 100 километри источно од Москва.

„Тие сè уште не му дозволуваат на лекарот да го прегледа“, додаде неговата сопруга.

Слични содржини