Јунајтед ги покани фановите да го решат проблемот со „мртвиот“ „Олд Трафорд“

од Vladimir Zorba

Раководството на Манчестер Јунајтед одржа средба со дел од навивачите во обид да се најде решение за проблемот со постојано слабата поддршка од трибините за време на средбите на „Олд Трафорд“.

Менаџерот Жозе Мурињо веќе неколку пати се пожали дека навивачите не се доволно активни, што пречи за постигнување на добра атмосфера во мечевите дома.

Во контекст на ова, пред неколку дена луѓе од управата разговарале со претставници на Manchester United Supporters Trust (MUST), на која биле дискутирани идеи за справување со проблемот.

Фановите изразиле незадоволство од фактот дека на покривот „Стретфорд енд“ има премногу простор за гости и членови на семејствата. Тие исто така се разочарани од високите цени за предметниот сектор.

Овие и други теми ќе бидат разгледани и на претстојниот форум на фановите на Манчестер Јунајтед на 23 февруари.

Слични содржини