Јунајтед и Њукасл прашуваат за Рабио

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Манчестер Јунајтед и Њукасл се заинтересирани за играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио. Иако минатата сезона забележа 32 натпревари, „Старата дама“ даде индиции дека се подготвени да се разделат со 27-годишниот Французин, чиј договор истекува за една година. Токму тоа го привлече вниманието на двата англиски клуба кои можеби ќе влезат во трансфер битка за неговиот потпис, изјави експертот за трансфери Николо Шира.

„Манчестер Јунајтед и Њукасл се заинтересирани и побараа информации за Адриен Рабио од неговата мајка Вероника, која е и негов агент. Јувентус бара околу 15 милиони евра за правата на францускиот играч за врска“, објави Шира на својот Твитер профил.

Новиот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг, итно бара да го засили средниот ред, откако клубот ги загуби Пол Погба и Немања Матиќ. Првиот избор на менторот е Френки де Јонг од Барселона, но ја смета и можноста да го земе Рабио како многу поевтина алтернатива.

Во исто време, менаџерот на Њукасл, Еди Хау, подготвува сериозна селекција за следната сезона, во која се очекува клубот да има многу повисоки цели и затоа има потреба од квалитетни засилувања. Во лицето на Рабио, тој гледа искусен фудбалер да го предводи средниот ред на „страчките“.

Слични содржини