Раководството на Манчестер Јунајтед ќе ги насочи сите напори за привлекување на заменик на
Пол Погба. И се чини дека за менаџерот Оле Гунар Солскјер ова е играчот од средниот ред на
Барселона, Иван Ракитиќ.

Најскапиот трансфер во историјата на „црвените ѓаволи“ сигурно ќе замине во текот на летото, а
тогаш сите напори ќе бидат насочени кон Хрватот, за кој се очекува да платат околу 65-70 милиони
евра. Тој се очекува да отпадне од стартните 11 на Каталонците по очекуваната голема летна
селекција.
Во зима, Интер покажа голем интерес за него, но Ракитиќ избра да остане на „Камп Ноу“. Но сега тој
не изгледа толку сигурен, и клубот е подготвен да го продаде за да земе пари за него, бидејќи
неговиот договор е до 30 јуни 2021 година