Јунајтед со прва понуда за дефанзивец на Кристал Палас

од Vlatko K
152 прегледи

Тимот на Манчестер Јунајтед упати понуда кон Кристал Палас за дефанзивецот на тимот Арон ВанБисака, соопштува Sky Sports.


Раководството на „црвените ѓаволи“ гледа во младинскиот репрезентативец на Англија долгорочен
заменик на капитенот Антонио Валенсија, кој си замина од „Олд Трафорд“ по крајот на минатата
сезона.

21-годишниот Ван-Бисака има договор за уште три години со „орлите“ и од лондонскиот клуб веќе
истакнаа дека немаат желба да се разделат со својот фудбалер, што значи дека Јунајтед ќе треба
да плати сериозна сума, ако сака да го оствари овој трансфер. Ван-Бисака одигра многу силна
сезона за Палас, откако одигра вкупно 39 натпревари во сите натпреварувања.

Манчестер Јунајтед веќе го реализира својот прв летен трансфер, откако го привлече крилото на
Свонси, Даниел Џејмс.