Јункер: Ако Лондон не замине од ЕУ до 23 мај ќе бира свои европратеници

од desk4
102 прегледи

Велика Британија треба да ја напушти Европската унија пред европските избирачи да гласаат за нов Европски парламент меѓу 23 и 26 мај. Во спротивно ќе треба да изберат свои европратеници. Тоа го нагласува претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

– Напуштањето на Лондон треба да заврши пред европските избори кои ќе се одржат меѓу 23 и 26 мај оваа година. Ако Велика Британија не излезе дотогаш, ќе треба да почитува законска обврска да учествува на тие избори, нагласува Јункер во писмо до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.