Јункер: Ципрас одигра циркус

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Циркус, катастрофа, безумие, идеологија. Овие остри зборови на адреса на Алексис Ципрас ги употребил претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Тој зборувал на затворената седница на парламентарната група на Европската народна партија, претставена во Европарламентот. Детали од кажаното од Јункер споделил за “Билд” европратеник кој присуствувал на седницата, но побарал анонимност.20150703.aazpzhunkv

Јункер бил бесен од однесувањето на грчкиот премиер и покажал гнев. “Бевме многу блиску до спогодување. Двете страни не беа договорени само за 60 милиони евра. И токму тогаш Атина ги прекина преговорите. Катастрофа после толку труд! Трошење на енергија и време, и тоа од идеолошки причини. Тоа е целосно неприфатливо “, цитиран е Јункер.

Тој споделил дека имал вкупно 30 часа разговори со Ципрас. Му предложил и инвестиционен фонд во износ од 35 милијарди евра. “Бевме подготвени да исплатиме претходно 1 милијарда евра”, рекол шефот на ЕК. Ципрас сепак не прифатил и тоа само од идеолошки причини. Од истите мотиви биле прекинати и преговорите, а не затоа што имало разлика во “светови” меѓу предлозите на доверителите и Атина.

Европската унија сепак не е создадена за да прифаќа “луди предлози на Атина”, сметал Јункер. Ципрас пристигнал на преговорите во Брисел со цела група од 60 лица. Секогаш кога некој од нив ги сметал предлозите на ЕК за прифатливи, тој бил повлекуван од преговорите. Потоа се појавувале други преговарачи од грчка страна. “Беше вистински циркус”, негодувал Јункер пред европратениците.

Според него доверителите никогаш не настојувале за намалување на пензии и плати, како што тврдел Ципрас во Грција. “Никогаш нема да добијам Нобелова награда за економија. Би заслужил сепак Нобел за трпение “, изрекол Јункер.

Тој предупредил експлицитно за драматичните настани во Грција следната недела по референдумот во недела. “Ние сме подготвени. Но, одговорот на хуманитарната криза ќе е поскап од програми “, сметал шефот на ЕК. Ова тој го рекол и на последниот самит на екстремистите меѓу владите на земјите од Еврогрупата. Запрашан какво  ќе е однесувањето на Европската комисија во понеделникот по денот на референдумот, тој сакал само да рече: “Во главата имам сценарио, но ќе го откријам пред светот во понеделникот наутро.”

Истовремено германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави синоќа очигледно изнервиран: “Последната недела одев 4 пати до Брисел и се враќав. Го велам тоа, за да споделам како минатата недела помина за мене. Грција треба прво да искаже јасност што воопшто сака. Дури тогаш ќе треба да се разговара и тоа при многу тешки предуслови.Ситуацијата драматично се влоши “, рече Шојбле.

Од страниците на весникот “Ди Велт”, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ја обвини грчката влада дека го земат сопствениот народ за заложник, за да се притиснат уште концесии од Европа. Атина требало да ја преземе одговорноста за судбината на грчкиот народ и повеќе да не негуваат илузии.