Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер направи неколку сензационални тврдења во својот напис под наслов “Третата светска војна може да се покаже многу блиска”, објавена на порталот Express.

Според него, Европа доживува многу конфузно време поради зголемувањето на расположението во одделните држави против ЕУ. Зборовите на Јункер целосно се покриваат со кажаното од Дејвид Камерон, кој прогнозира дека распад на еврозоната ќе предизвика голем воен конфликт. Кога британскиот премиер, тогаш уште на функцијата,го рече тоа, малкумина зедоа неговите зборови сериозно.
Сега Јункер застанува на неговата позиција и смета дека брзото воспоставување на заедничка европска армија е еден од начините да се избегне најлошото.
Причините се во неизвесноста околу позицијата на САД спрема НАТО.
Јункер е убеден дека резултатите од референдумот во Италија ќе ја дестабилизираат дополнително ЕУ, бидејќи покажува нова победа на антиевропски чувства во оваа земја.
“Ако ЕУ и Еврозоната се распаднат, ќе има повторување на позната трагична историја на Европа и повторно да се дојде до воен конфликт”, смета Јункер. Тој потсетува дека ако Брисел не постапил решително за време на финансиската криза и не ги поддржал европските банки, ќе станеме сведоци на вистинска финансиска војна.

Според него, опозициските политичари како Најџел Фараж и Марин Ле Пен ги поставуваат “вистинските прашања”, но не даваат “точни одговори” и не преземаат одговорност за своите постапки.
Сепак конечно претседателот на ЕК изгледа оптимист- “Уверен сум дека Европејците ќе најдат сили да се сплотени во овие тешки времиња, покрај постоечките несогласувања”, завршуватој во статијата .