Јуратовиќ: Спорот меѓу Македонија и Бугарија да се реши по примерот со Словенија и Хрватска

од Nikola Popovski
357 прегледи

Пратеникот во германскиот Бундестаг од Социјалдемократска партија и водач на пратеничката група за Западен Балкан, Јосип Јуратовиќ смета дека С Македонија да не се откажува од реформите, затоа што преговорите кога тогаш ќе почнат.

Тој се залага за поединечно пристапување во Унијата, а не во пакети како што се сега Албанија и Македонија, сугерира за време на словенечкото претседавање со Унијата, преговорите да почнат, а спорот меѓу Софија и Скопје да го решева арбитражна комисија.

– Треба да се бара решение. На пример да се отворат претпристапните преговори, а недоразбирањата меѓу Бугарија и Северна Македонија да ги одработи некоја стручна арбитражна комисија. Таков беше случајот со Словенија и Хрватска по прашањето за границата, кој како што гледате позитивно се реши, вели Јуратовиќ.

Во спротивно, тој смета дека со ветото поради овој билатерален спор на некој начин се казнуваат проевропските влади на Западен Балкан и им се даваат аргументи на националистите.

Во интервјуto за ТВ Клан Македонија, тој признава дека освен Бугарија, има и други сили кај поединечни земји членки на ЕУ кои се против проширувањето.

Слични содржини