Јурканс, поранешен миниетер на Латвија: Од мојата земја останаа само знамето, химната и територијата

од desk2
167 прегледи

Јанис Јурканс е поранешен министер за надворешни работи во Латвија, во времето кога се распадна СССР, а во интервју за „Политика денес“ вели дека Латвија нема своја надворешна политика, дека таа е препутена на западните сили.

„Велам дека Латвија нема надворешна политика. Се што ќе ни каже „вујко Сем“ ние одговараме: „Тоа е господарот!“. И тоа ќе го направиме. Така го изгубивме нашиот идентитет – нема валута, нема надворешна политика, нема одбрана, изработуваме буџет како ќе ни каже ЕУ. Имаме знаме, химна и место на географската карта. Толку од нашата државност. Европската унија ќе се рапсадне. Полека, но тоа ќе се случи. Процесот веќе почна, а кои сме ние? Со двете раце во санкции, а можеме да ги продаваме нашите производи. Ако Русија ни наметне санкции и на транзит, ќе вриштиме. На кого во Европа му треба нашата конзервирана храна? Му треба ли на некој? Младите луѓе тоа го чувствуваат и заминуваат. Во повеќе од 27 години независност Латвија изгуби третина од населението. Ова е трагедија за убава земја со голем потенцијал.

Тој вели дека санкциите може да се надминат ако на власт дојдат луѓе кои ќе сфатат дека земјата е најважна. Историјата покажува дека санкциите никаде не постигнале ништо. Куба 70 години беше под санкции. Дали Куба исчезна. Исто и Иран. МОра да се градат добрососедски односи особено со Русија, смета тој.

Ако Европа се распадне, тој се прашува дали Латвијците можат сами. Се прашува дали им треба Германија, . Дали ќе има регионализација акои се распадне ЕУ? Ќе се обединат ли скандинавските земји? Не знам. Но, сигурно на Финците не им требаме.

Слични содржини