Јутарњи лист:ИСИС отвора фронт на Балканот, безбедносните служби на највисоко ниво на подготвеност

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Последната порака која исламските екстремисти ја упатија на западните држави, меѓу кои се спомнува и Хрватска, ги подигнаа безбедносните служби на највисоко ниво на подготвеност. Повикот на света војна е сфатена бап онака како што и гласи.

20150626.kwtugnbtra

„Тоа е објава на војна“, вели соговорник за хрватскиот „Јутарњи лист“ кој е запознат со целата ситуација. Новинарите разговарале со повеќе соговорници кои оценуваат дека целиот Балкан е загрозен.

-„Најзагрозени се Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Целта е ИСИС и други радикални групи да го разорат концептот на заедничкиот соживот на муслиманите и хрситијаните.Овие три држави се создадени за тие планови, велат соговорниците на весникот.
Целата приказна за планот за отворање на балкански фронт се втемелени во разговори со експерти кои се сериозно упатени во плановите на исламските радикали на подрачјето на БиХ, АЛбанија, Косово, Македонија и на Санџак.