Петгодишно момче загина во страшна несреќа во средата во предградието на Рим кога Ламборџини, во кое се возеле група инфлуенсери, удрило во автомобилот во кој се наоѓало со семејството.
Малиот Мануел Усело (5) седел во смарт автомобил со неговата мајка Елана (29) и помладата сестра Аурора (4). Тие штотуку излегле од градинката, кога во нивното возило удрило ламборџинито во кое бил јутјубер (20) со другарите.
Момчето починало во болница, додека неговата мајка и сестра се тешко повредени. Девојчето во меѓувреме е пуштено од болница.
Таткото, кој дотрчал на местото на несреќата пеш, се обидел да го нападне возачот, но случајните минувачи го спречиле во тоа.
Според истражителите, јутјуберот и неговите пријатели го позајмиле скапото возило за да снимат предизвик за нивниот канал на Јутјуб.
Зад воланот бил јутјуберот, кој е обвинет дека нанел тешка телесна повреда и убиство на пат.
„Раи њуз“ пишува дека по извршените тестови било утврдено дека возачот бил позитивен на канабис.
Инспекторите добиле и слики од камерите во областа кои можеби ги снимиле фазите на несреќата.
Хипотезата дека момчињата снимале видео ја потврдува и клип од 15 секунди што се појави на интернет во кој еден од момчињата изјавил: „Уште еден ден во Ламборџини, досега е одлично“.