Јуве го откачи Тотенхем за Дибала

од Vlatko K
304 прегледи

Јувентус ја отфрли првата понуда на Тотенхем за Пауло Дибала. Според медиумите во Италија,
„петлите“ понудиле 50 милиони евра за аргентинскиот репрезентативец, што е малку за „старата
дама“.


Според „Ла Стампа“, Јувентус сака најмалку 90 милиони евра за 26-годишниот техничар, што
претставува 40 милиони разлика во понудата на Тотенхем.

Весникот, исто така, тврди дека Аргентинецот е подготвен да го прекине својот одмор за да донесе
побрза одлука за својата иднина.

Интерес за Дибала има од Манчестер Јунајтед, Интер и ПСЖ. Според авторитетниот англиски
весник „Тајмс“, Тотенхем нема да се откаже од Дибала, а наскоро се очекува и втора понуда од
лондонскиот тим.