Јуве му нуди нов договор на Алегри

од Vlatko K
126 прегледи

Раководството на Јувентус му предложило нов договор на тренерот на тимот Масимилијано
Алегри, кој е до летото 2021 година, пишува весникот „Ла Стампа“.

Претседателот на италијанскиот шампион, Андреа Ањели и Алегри се уште не воделе конкретни
преговори, но од управата на клубот направиле претходно предлог, во условите на кој е забележано
мало зголемување на годишната плата на експертот, која во моментов е 7,5 милиони евра.

Ако Алегри ја отфрли понудата од Јуве, тие се подготвени да започнат преговори со Симоне Инзаги,
кој синоќа го изведе Лацио до трофејот во Купот на Италија.

Сепак е сосема веројатно Макс да се согласи да го продолжи договорот, бидејќи се чувствува
удобно во торинскиот клуб.