Јуве со пресврт за неколку секунди до пласман во четвртфинале на ЛШ

од Vladimir Zorba

Трилер со бренд Лигата на шампионите видовме од Тотенхем и Јувентус во 1/8-финалниот реванш меѓу нив, одигран на „Вембли“.

„Бјанконерите“ победија на натпреварот со 2:1, со што ја постигнаа првата победа во историјата во Лондон и со вкупен резултат 4:3 продолжуваат напред!

Судирот беше исклучително тежок, иако понекогаш темпото на играта беше како на тренинг – типично за вкусот на „Старата дама“.

Сон Хун-Мин го отвори резултатот на крајот од првото полувреме, а драмата настапи по паузата.

Кога не беше јасно како италијанскиот хегемон ќе постигне гол, само во рамките на 180 секунди пресвртот беше комплетен. Прво, Гонзало Игуаин (64) постигна за 1:1, а потоа Пауло Дибала (67) им донесе водство на гостите.

На крајот, Јуве го задржа водството и оди во следната фаза. Лошата вест за „црно-белите“ е дека Меди Бенатија и нивниот мотор во средината на теренот – Миралем Пјаниќ ќе бидат казнети за првата средба од 1/4-финалето поради акумулирани жолти картони.

Базел го победи со 2:1 Манчестер Сити во Англија и забележа импресивна победа, која сепак се покажа пирова откако во 1/4-финалето во Лигата на Шампионите се квалификуваа „граѓаните“.

Играчите на Пеп Гвардиола го освоија првиот натпревар со 4:0 и по 5:2 одат во следната рунда на турнирот. Головите за гостите ги постигнаа Мохамед Елиунуси (17) и Михаел Ланг (71), а прецизен за Сити беше Габриел Жесус (8).

Базел отпаѓа, но заслужува само пофалби за неговата изведба во овој меч. Од своја страна, домаќините беа премногу горди и дефинитивно го потценија тимот од Швајцарија.

Гвардиола пак им даде одмор на повеќето стартери, но тоа не треба да биде оправдување за безличната игра на Англичаните.

Слични содржини